ОБУКА ЗА СОЛАРНИ ИНСТАЛАЦИОНИ ТЕХНИКИ -

ОГЛАС

ЗА ОБУКА ЗА СОЛАРНИ ИНСТАЛАЦИОНИ ТЕХНИКИ

 

I Општи информации

 

Проектот на Занаетчиска комора Скопје ,,Обука за соларни инсталациони техники,, е кофинансиран од Владата на РМ преку Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото,конкурентноста и иновативноста на МСП во 2012 година во функција на финансиска подршка на проекти за промоција на занаетчиството

 

II Услови за пријавување

 

Кандидатите треба да  ги исполнат следните услови

- да имаат завршено средно стручно образование од струките електротехничка,машинска(греење),градежна или

- основно образование со работно искуство од овие области

 

 III Право на пријава за обука

 

На огласот може да се пријават невработени лица на територија на Град Скопје и општините кои се на оддалеченост од 50 км.

 

IV Начин и рок за поднесување на пријавите

 

Пријавувањето се врши со пополнување на пријава за интерес која може да се добие во Kомората или на www.zkomora.com.mk. 

 

Кон пријавата  потребно е да се достават

- потврда за невработеност

- доказ за завршено соодветно образование

- доказ за работно искуство

 

Крајниот рок за пријавување е 22 март 2012 година (петок) до 16,00 часот.

 

V Постапка во врска со огласот

 

Изборот на кандидатите ќе се врши врз основа на прашалник и интервју.

 

За  дополнителни  информации,  може  да   се   обратите   на  

тел. 02/ 3222-957или 02/3237-850,078/312-141;071/991 981  од 08,00-16,00 часот.

 

 

                                                                                     Занаетчиска комора Скопје



Пријава (doc)

Назад Испрати на пријател Печати