Предност да се биде регистриран како ЗАНАЕТЧИЈА ! -

 

  1. Упис, промена и престанок во Регистарот на занаетчии се врши преку едношалтерски систем и не Ви е потребна правна помош, едно место, едно лице, еден документ, добивате упис во Регистар на занаетчии, упис во Централен регистар, печат, жиро сметка, пријава за ХТП, засновање на работен однос;
  2. Најниска цена за започнување мал и микро бизнис;
  3. Просто сметководство кое може да го водите сами;
  4. Можност за паушално оданочување по барање на занаетчијата, не постои обврска за водење сметководство и фискална каса;
  5. Постои можност за привремено запирање со работа поради болест, реновирање, подолг годишен одмор, за кој период мируваат обврските за даноци и придонеси;
  6. Член на семејството може да ја врши занаетчиската дејност без исполнување на условите предвидени со Законот за вршење на занаетчиска дејност, a пo истекот на тој рок можат да го превземат вршењето на деј носта;
  7. Немање обврска за плаќање данок на добивка.

 

 

 

Што прави Занаетчиската комора за ВАС:

Ние го застапуваме Вашето претпријатие / дуќан како и уште други претпријатија/дуќани

Вашите интереси се наша заложба. Вие сте појдовна точка и цел на нашата работа.

Be подржуваме директно, при што нудиме СОВЕТИ за сите ваши прашања и индиректно преку:

  1. Застапување на Вашите интереси и права пред инспекциските органи;
  2. Учество во креирање Образовна политика и создавање на идни млади кадри за занаетчи-ството;
  3. Избор и ангажирање на експерти за Ваше усовршување;
  4. Залагање на подобри рамковни услови за занаетчиството;
  5. Давање мислење, забелешки за законските и политичките прилики;
  6. Вклучување и ангажирање во комисии, органи и совети во органите и институциите на државата;
  7. Воспоставување и негување на контакти со институции, органи,здруженија, општествени групи во земјата и странство за изедначување на условитеза занаетчиството;

 

Ние сме за Вас тука!

Да имаш право и да добиеш правда е твое неприкосновено право! Комората Ви пружа правна помош;

Ајде во Занетчиство!

За почеток и за време на образованието имаш многу прашања за претпријатијата, учениците и родителите. Обратете се кај нас.

Сакате да ги преминете националните граници?

Информирајте се за меѓунардните саеми и контакти со деловни партнери.

Заштита при работа:

Јавете се во Вашата Комора.

Сакате размена на искуства и мислење!

Занаетчиите се советуваат за актуелни теми, економски прашања и новите технологии во работни групи со наши експерти.

Медиуми, обраќање до јавноста за Вашите проблеми.

Сакате доквалификација, обуки, семинари?

Тука сме да Ви го организираме тоа само за Вас. Да ја исполниме Вашата желба да станете занаетчија.

Кај нас можете да добиете информација за можностите за доквалификација и други курсеви.




Назад Испрати на пријател Печати