Извештај за деловни средби -

Деловни средби на Секцијата на златари при Занаетчиска комора Скопје  и златари од Комора на златари од Измир и презентација на Саемот за свадби  JEWEX ,Саем за злато,прстени,сребро,накит и саати

Скопје,15 октомври 2012 год.

Турска делегација во соработка со Турско – Измирската комора за злато, на 15.10.2012 година одржаа презентација за JEWEX – саем на злато, прстени, накит, саати, сребро.

          Презентацијата беше одржана во просториите на Занаетчиска комора Скопје, по препорака на трговскиот советник при турската амбасада во Скопје, г-дин Сенол Туркилмаз, на која учествуваа 25 златари од Турција и исто толку од Македонија.

          Саемот JEWEX ќе се одржи од 3-6 февруари 2013 година и е составен дел од Интернационалниот Измирски саем во Измир, Турција , каде ќе бидат вклучени свадбени прстени, златни додатоци, дијаманти, драгоцени и полудрагоцени камења, бисери, сребрени додатоци, полудрагоцени и синтетички камења, саати, материјали и опрема за накит, заштитни алатки, секторски медиуми, комори и здруженија, а има важна улога во вклучување на турскиот и останатите пазари во блиска географска соработка со Турција како и зголемување на економијата.

          Оваа презентација претставува важен дел за остварување на билатерални бизнис и економски преговори на  златарите од Македонија и Турција.златарите беа поканети да го посетат саемот JEWEX  како и доколку има заинтересирани и да изложуваат.




Назад Испрати на пријател Печати