Извештај од првата обука од ТАКСО проектот за градење на капацитети на Занаетчиската комора Скопје -

Извештај од првата обука од ТАКСО проектот за градење на капацитети на Занаетчиската комора Скопје

 

 

Занаетчиска комора Скопје аплицираше на јавен повик на ТАКСО проектот, за градење на капацитети и од планот подржани од страна на проектот ТАКСО се обуки на следните теми:

 

  1. Фундрасинг (обука и консултации)
  2. Раководење со проектен циклус (обука и консултации)
  3. Застапување и лобирање (обука и консултации)

 

Обуката на тема: Прибирање средства за обезбедување одржливост на организациите се одржа на 20 и 21 септември 2012 година во хотел Оаза, Штип.

На обуката како претставници од Занаетчиската комора Скопје беа присутни и активно вклучени во обуката Атанасовска Анета-стручен соработник и Горан Балшиќевски- претседател на Собрание на ЗКСкопје.

На првата обуката од циклусот на тема Прибирање средства за обезбедување одржливост на организациите се изврши обука за прибирање на финснаиски средства од индивидуалци и фирми, планирање настани за прибирање на средства и развивање и презентација на план за пристап до бизнис секторот.

Обуката беше реализирана преку практична работа со предавачите г-ѓа Невенка Лонгурова Гирова и г-дин Борис Шарковски.

Наредните обуки на темите:раководење со проектен циклус и застапување и лобирање ќе се одржат до крајот на годината.

 




Назад Испрати на пријател Печати