ХАУС МАЈСТОР -

СООПШТЕНИЕ

ХАУС МАЈСТОР

 

Занаетчиска комора Скопје ги повикува сите занаетчии и вршители на занаетчиска дејност (трговци поединци и трговски друштва регистрирани во трговскиот регистар, а вршат занаетчиски дејности) и тоа:

сервисирање на бела техника и разладни уреди, климатизација, електрика, водовод, плоцкари, паркетари, гипскартони, лимари, ѕидари, инсталaтери на парно греење, инсталатери на соларни ситеми, стаклари, урамувачи на слики, тапетари, столари (изработка на мебел, градежна столарија, паркети, лајсни), ковано железо, бравари, фонтани, хортикултурно уредување, цветни аранжмани и декорирање на домови, кетеринг, пекари, слаткари, фотографи/сниматели на прослави, каменоресци, изработка надагробни споменици, автомеханичари, клучари

да се пријават во Занаетчиска комора Скопје

која изработува каталог ХАУС МАЈСТОР

во хартиена и електронска верзија во која ќе бидат внесени бесплатно сите кои се регистрирани со цел да се спречи сивата економија и работата на нерегистрирани лица кои ги ангажираат граѓаните незнаејќи дека тие се нерегистрирани и без никакво стручно образование и стручна оспособеност и поради својата нестручност можат да предизвикаат  матријална штета  и повреда на граѓаните од нестручно извршен сервис или услуга,а граѓаните нема каде да ги пријават бидејќи се нерегистрирани и неможат да ги пронајдат.

Сите занаетчии кои ќе бидат внесени во каталогот ќе добијат идентификациона картичка со регистарски број од Регистарот на занаетчии и Евиденција на вршители на занаетчиска дејност, со фотографија, име и презиме , назив на фирмата,дејности, седиште и контакт телефон со која ќе можат да се легитимираат пред граѓаните.

На картичката ќе бидат испишани и телефони на комората на кој ќе можат граѓаните да се информираат за занаетчијата и вршителот на дејноста кој го ангажирале.

 

СТОП ЗА СИВАТА ЕКОНОМИЈА !

 

ЗАЕДНИЧКИ ДО КВАЛИТЕТНИ И СИГУРНИ УСЛУГИ !

Во каталогот можат да се рекламираат  фирми кои продаваат алати,опрема и резервни делови на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои вршат услуги и поправки на граѓани  поврзани со проектот ХАУС МАЈСТОР според утврден ценовник.

 

За сите информации можете да се обратите  на тел.

3222 957;3237 850; 071 991 981; 078 312 134;

e-mail: info@zkomora.com.mk


Назад Испрати на пријател Печати