ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВО – 2011 - 12.10.2011

 

“ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВО – 2011”

 

 

“Денови на Занаетчиството“ е манифестација која има за цел да го промовира занаетчиството во Македонија, и да го доближи занаетчиството до младите луѓе и граѓанинот. Манифестацијата Денови на занетчиството започна во Скопје на 29.09.2011 година. Во Занаетчиската комора Скопје на 30.09.2011 година започна манифестацијата со сплет на многубројни активности. На манифестацијата Денови на занаетчиство во Скопје со наслов  “Занаетчиството и градот Скопје низ минатото и сегашноста” на присутните гости им се обратија  Претседателот на Занаетчиската комора Скопје г-дин Никола Петров, г-н Вернер Витлих-Претседател на Занаетчиската комора Кобленц, Министерот за Економија на РМ г-дин Валон сарачини, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Чаир г-дин Иџет Меџити.

Занаетчиска комора Скопје додели плакети за 10-годишна успешна соработка со Занаетчиска комора Кобленц на г-н Вернер Витлих - Претседател на Занаетчиската комора Кобленц и плакета за соработка за развој и унапредување на занаетчиството со градот Скопје на градоначалникот Коце Трајановски.

Занаетчиска комора Скопје во склоп на манифестацијата организираше избор на најдобар занаетчиски производ во категорија торта, погача и цветен аранжман.

Се доделија награди на најуспешните и тоа во категоријата најубава торта првонаградена е слаткарница МОЦАРТ, второнаградена Слаткарница ШАРЛОТА, третонаградена Слаткарница ВИСТА.

Во категорија најубава погача награди добија следните учесници: првонаградена ТП СПЕЦИЈАЛ, второнаградена ВИСТА, третонаградена ПЕКАРА ФАРИНА.

Во категоријата најубав цветен аранжман награди добија следните занаетчии учесници во изборот: прва награда  СПЛЕНДИД ИНЖЕНЕРИНГ-Скопје, втора награда СУГС Ѓорѓи Димитров, трета награда  ТП ФИОРЕ.

Присутните гости ја разгледаа Изложбата на фотографии од занаети и изложбата на накит, во просториите на Занаетчиска комора Скопје.

Министерот за Економија го отвори занаетчискиот Базар со наслов “Фестивал на занаетчиството во чаршијата”, свеченото отварање беше проследено со ревија на фризури во која учествувааа ученици од СУГС Димитар Влахов кои беа вклучени во Пилот проектот за практична обука и мајсторите фризери членови на Занаетчиска комора Скопје.

Претседателот на секцијата на каменоресци г-дин Мурат Муратовски на Фондацијата Тоше Проевски подари прекрасна вазна со ликот на Тоше Проевски изработена од членовите на секцијата каменоресци при ЗКСкопје.

 

         “Денови на Занаетчиството“ е манифестација која и во иднина ќе  има за цел да ги промовира можностите и услугите кои ги нуди занаетчиството во Р. Македонија, и се надеваме дека занаетчиството со организација на вакви настани полека но сигурно го добива вистинското место кое го заслужува.

 




Назад Испрати на пријател Печати