ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МЕБЕЛ, МАШИНСТВО И МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА - 19.8.2011

 

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО ГЕРМАНИЈА  ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МЕБЕЛ,  МАШИНСТВО И  МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА

од 25.10.2011 до 28.10.2011 година

 

 

Занаетчиска комора Скопје во соработка со проектот Економска соработка помеѓу Покраината Рајланд Фалц и ЈИЕ на МББ организира деловни средби во Германија, во Рајнската област-Фалц за претприемачи занаетчии од областа производство на мебел, машинство и металопреработувачка.

Претприемачите ќе имаат можност да ги промовираат деловните односи помеѓу претпријатијата од југоисточна Европа и Рајнската област Фалц, да пристапат на нови пазари и на тој начин да ја зголемат својата конкурентност.

Деловните средби ќе се одржат од 25.10.2011 до 28.10.2011 година, во Рајнската област-Фалц со претприемачи од Југоисточна Европа и Рајнската област-Фалц, кои се занимаваат со производство на мебел, машинство и металопреработувачка.

 




Назад Испрати на пријател Печати