Покана за посета на 44-тиот Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанаство во Цеље, Р.Словенија -

 

ПОЧИТУВАНИ

ЗАНАЕТЧИИ  И  МАЛОСТОПАНСТВЕНИЦИ

 

Занаетчиската комора Скопје  Ве поканува ,

од  06-09 септември 2011год,  да го посетите

44-тиот  Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанаство, 

кој се одржува

 од  07-14 септември  2011 год. во Цеље, Р.Словенија

Во рамките на саемот ќе се одржат деловни средби на

 

08 септември  2011 год.(четврток)

 

Организиран  е бесплатен  превоз  со  автобус,

бесплатна влезница са саем, ручек и вечера и

хотелско сместување до 30 евра

 

На деловните  средби ќе учествуваат  фирми од:

Словенија, Хрватска, БиХ,  Македонија, Србија, Косово ,

Црна Гора, Италија, Австрија,

Унгарија, Словачка и Германија.

 

За деловните средби можат да се пријават занаетчии, мали и средни претпријатија  од  секторот  на:

 

- металопреработувачка

- пластика;

- обработка на дрво;

- градежништво;

- електро

- обновливи извори  на  енергија;

 

 

Котизацијата  изнесува 1.000,00 денари  и платенa  

членарина за комората за 2010година и до јуни 2011година.

 

Краен рок за пријавување до 18 .08.2011 година

Телефон за пријавување:02/3222-957, 02/3237-850

Е-маил: info@zkomora.com.mk

 

Пријавата  можете  да  ја  симнете  од  веб страницата  на  Занаетчиска  комора  Скопје  www.zkskopje.org.mk, да ја добиете на факс или лично да  ја  подигнете во комората.



Покана и Пријава за Саем

Назад Испрати на пријател Печати