ПРЕЗЕНТИРАНА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАНАЕТЧИСТВО 2012-2020 ГОДИНА - 2.3.2011

 

ПРЕЗЕНТИРАНА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАНАЕТЧИСТВО 2012-2020 ГОДИНА

 

 

            На ден  28.02.2011 година, во  Клуб на Пратеници, Скопје беше презентирана Национална Стратегија за развој на занаетчиство 2012-2020 година изготвена од страна на Министерството за Економија на Р. Македонија со финансиска поддршка од Светска Банка (Проект за реформа на деловното опкружување и институционално зајакнување) обезбеди техничка помош за изготвување на нацрт Национална стратегија за занаетчиството и акционен план за развој на занаетчиство.

Македонските  занаетчиски  бизниси треба да бидат  посебно  силни  во следниве  области:  а)   модерно  потрошувачки  пазари;  б) пазари  на  културен  туризам  и  в) услужни  дејности  директно  поврзани  со  потребите  на  граѓаните.

За  постигнување  на  средни  и  долгорочни  цели  потребна  е проактивна  владина  подршка  на  занаетчискиот  сектор  за  подобрување  на  конкурентноста  и  тоа  преку  грантови  кредити,  суфинансирање  на  семи, проспекти, вклучувањето на   Занаетчиската  комора  како  проактивен  партнер  во  интернационализацијата  на  Македонските занаети  со нивна  презентација  и  учество  на саеми  во  други  земји  од  регионот  и  пошироко. Особено  не  радува  и  фактот  што  главен  атрибут  на  оваа  Стратегија е  тоа  што  истата  се  фокусира на  градење  на  локална  економија  сето  тоа  со  подршка  од самата  локална  заедница. Економијата  треба  да  биде  ориентирана  кон  зајакнување  на  локалните  занаетчии, охрабрувањето на локалното население  да  купуваат  локални  производи  и услуги  и  на  тој  начин  да  се  зголеми  приходот  на  локално  ниво  од една  страна, а  од  друга  страна  ќе  се  намали  увозот  на   ефтини  и  неквалитетни  производи. 

            Стратегијата треба да помогне за зајакнување на капацитетите на коморите преку вработувања во коморите, нови услуги и соработка со државни органи и институции, решавање на постојните проблеми на занаетчиите и  намалување на законските обврски на занаетчиите. Подобрувањето на деловната клима за занаетчиите  кај одданочувањето и администрацијата ќе се оствари со одобрување на занаетчиите паушално плаќање на данок, со што ќе се ослободат од многу административни обврски, и трошоци и ќе се постветат на занаетот, намалување на законските обврските кај занаетчиите, затоа што со обврските тие се изедначени со големите бизниси и индустриски гиганти.

            Целта на стратегијата е развој и унапредување на занаетчиството на територијата на Р. Македонија, како еден многу важна нишка од стопанството, без која стопанството не може да функционира.

 

 

Скопје 01. 02. 2011 година

 




Назад Испрати на пријател Печати