Извештај за пилот проект за практична настава - 2.3.2011

 

Извештај за пилот проект за практична настава

за струките фризер и козметичар

 

 

Со потпишаниот меморандум за спроведување на пилот проект во врска со имплементацијата на Законот за стручно образование и обука, кој е потпишан од страна на Министерството за образование и обука, Центарот за стручно образование и обука, Ост Вест на ЗК Кобленц, Занаетчиска комора Скопје и Средното училиште на град Скопје СУГС   “Димитар Влахов”, се изрази спремност од страна на сите потпишани страни да дадат свој придонес за имплементација на законот за стручно образование и обука.

            Со пилот проектот раководи проектен тим кој се состои од претставници на сите партнери. Во меморандумот точно се опишани обврските на сите учесници во овој пилот проект. Со оглед на значењето на пилот проектот, во проектниот тим е предвидено како можност да се вклучат и по еден претставник од Министерството за труд и социјална политика, Град Скопје и Занаетчиската комора на Р. Македонија.       

            Во текот на траењето на проектот, се појавија низа проблеми во врска со имплементацијата на законот за стручно образование и обука, во однос на мотивацијата на учениците за спроведувањето на практичната обука кај мајстори-занаетчии.

Училиштето им потенцира на учениците дека праксата не е задолжителна кај мајсторите, туку задолжителна е училишната пракса во училишните салони во училиштето, каде што нема услови за изведување на практична обука за сите ученици.

За отпочнување со реализација на пилот проектот, се изготвија:

·        предлог содржини и активности за обука на ученици во струката

фризер

·        предлог содржини и активности за обука на ученици во струката козметичар

·        кодекс на работно однесување

·        прашалник за оценување на ученици

Во однос на спроведувањето на пилот проектот беа одржувани состаноци на кои беа присутни сите потписници на меморандумот, сите ја подржуваа имплементацијата на законот за средно стручно образование но во пракса тоа не се оставрува.

Погоренаведените документи во договорениот рок беа изготвени, и доставени до мајсторите и учениците на директните средби организирани во СУГС Димитар Влахов, помеѓу мајсторот, ученикот, училиштето и комората.

Учениците кои се вклучени во овој пилот проект се втора година од средно образование од струката фризер и козметичар и се по времетраење  втора учебна година вклучени во пилот проектот.

По одржаните директни средби помеѓу мајсторите, учениците, училиштето и Занаетчиска комора Скопје се утврди конечна бројка на ученици кои  остануваат во  пилот проектот и тоа 10 мајстори и 22 ученика од струките фризер и козметичар.

            Учениците кои редовно ја посетуваат практичната обука кај работодавач-мајстор, според мајсторите-занаетчии кај кои ја обавуваат праксата се стекнати со  многу вештини и компетенции во своето занимање кое го изучуваат, и се спремни да изработуваат и самостојно дел од работите и работните задачи кои ги обавува мајсторот-занаетчија, што ја покажува важноста на имплементацијата на пилот проектот во средното стручно образование.

Со имплементацијата на законот за средно стручно образование и спроведувањето на овој пилот проект, ќе создадеме луѓе спремни да се вклучат во работните процеси веднаш по завршувањето на средното образование, способни да се вработат или самовработат, со што ќе ја намалиме бројката на невработени млади луѓе во Р. Македонија.

 

 

Скопје, 02.03.2011 година

 




Назад Испрати на пријател Печати